Schmitz Cargobull освои награда за приколка на годината 2017 во Русија

Одличната приколка S.КО. Сomplete со транспортна ладилна машина на Schmitz Cargobull, комплетната услуга, телематиката на приколката како и финансирањето го убеди руското стручно жири со иновативни технички решенија кои значително ја зголемуваат ефикасноста на транспортот.

Претседателот на жирито, Александар Солнцев, му ја врачи наградата  на Андреас Шмиц, претседател на Управниот одбор на Schmitz Cargobull AG, на официјалната презентација  која се одржа на 04.09.2017 година на саемот Comtrans 2017 во Москва. Одлучувачки фактор за номинацијата беше придонесот на возилото за зголемување на ефикасноста на транспортот. Другите  параметри, како што се иновативните технички решенија, намалувањето на оперативните трошоци, како и достапноста на услугите, исто така беа посебно земени во предвид.

“Русија е важен пазар кој не  е само  многу важен за нас, туку и за мене лично. Затоа, ние исто така очекуваме континуиран раст на пазарот и затоа  ја гледаме  оваа награда  како знак на доверба во нашата услуга и квалитетот  на производот “, се изјасни Андреас Шмиц многу задоволно. “Ние нема да ја запоставиме  сигурноста и иновативноста на нашите клиенти. Ова е единствениот начин да го прошириме нашето водство во иднина. Највисокиот квалитет и постојаното следење на најдобрите решенија за транспорт ориентирани кон купувачите  се нашата движечка сила”, вели Шмиц.

Приколката со S.KO COOL COMPLETE со EXECUTIVE пакет е првата вистинска комплетна понуда од еден извор кој ги опфаќа сите аспекти на користење. Соодветно склопените компоненти и новиот систем за изолација со извонредна  вредност на изолација  k = 0,33 W / m2K, ги исполнуваа  барањата на клиентите за квалитет и безбедност. Од фабриката, возилото се испорачува како комплетен пакет во   Executive верзијата   опремено со внатрешна транспортна ладилна машина , со проактивен мониторинг, договор за целосна услуга, финансирање по нарачка и телематичкиот пакет на Schmitz Cargobull, вклучувајќи го и рекордерот за температура. Полу –приколките со ладилник  S.KO COOL Schmitz Cargobull веќе неколку години се наоѓаат  во Европа, а исто така се и најпродаваните приколки со фрижидери  во Русија.

Наградата за “Најдобро комерцијално возило на годината во Русија” се одржува секоја година, оваа година веќе по седумнаести пат во шест различни категории (камион, комбе, автобус, приколка, нови и специјални награди  на жирито). Жирито за доделувањето на  наградите се состои од високи руски новинари на признати трговски списанија како и од печатените медиуми од онлајн секторот .

Leave a Reply