Транспорт и логистика

Нови регулативи за зимски гуми во Германија

Од 1 јули годинава, во Германија важат нови правила за употреба на зимски гуми за комерцијални возила, според кои зимските гуми покрај на погонска, мора да бидат и на управувачката оска. Новите правила важат за возила од категоријата N2 и N3 (максимално дозволени тежини над 3,5 тони). Во Германија, за разлика од Австрија каде што обврската за употреба на зимски ...

Read More »

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци

Поради врнежи од снег, забрана за тешки товарни возила од синоќа има на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар, а од 3:30 часот е воведена забрана на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот превој Ѓавато. Од ЈП Македонијапат информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, на места со остатоци од снег по интервенцијата на дежурните екипи. Снег врне во ...

Read More »

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и Гостивар-Стража-Кичево

Поради интензивни врнежи од снег во 18.20 часот од превентивни причини се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и патен правец Гостивар-Стража-Кичево, информираат од АМСМ.

Read More »

Повисоки цени на патарини за Еуро 6 камиони во Австрија

Австрија ќе ги зголеми цените на патарините за Еуро 6 камионите за 4 проценти од почетокот на следната година. Поради намалување на приходите од патарините и зголемувањето на бројот на камиони со најчист Еуро 6 стандард, австриските власти одлучија да ја зголемат цената на патарините за 4%, за камионите со Еуро 6. Претставници на Австриската асоцијација на превозници се очекувано ...

Read More »

Новиот автопат Миладиновци-Штип пуштен за сообраќај

Од денеска може да се вози по новиот автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип. Од Министерството за транспорт и врски инофрмираат дека е пуштен за сообраќај во двата правца. Апелираат до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација. „Упатуваме благодарност до сите граѓани кои во овие неколку месеци беа трпеливи во однос на користење на оваа ...

Read More »

Изменет сообраќаен режим на автопатот Демир Капија-Смоквица

На автопатот Демир Капија – Смоквица, кај клучката Демир Капија, денеска ќе се изведуваат градежни активности за поставување индуктивни јамки, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, информира Автомотосојузот на Македонија.

Read More »

Забрана за тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево

Поради интензивни врнежи од снег на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево попладнево е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопштуваат од АМСМ. Забраната на патниот правец Маврово – Дебар е во сила од 16:30 часот, додека од 17:50 часот на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Read More »

Казни за исклучување на системот за спречување можноста да се налета на друго возило

Германското Министерство за транспорт најави промена во легислативата за да овозможи казнување на возачите кои во нивните возила го исклучуваат системот за спречување на судир со друго возило. Предлогот на новиот закон предвидува можност за казнување на возачите кои со брзина над 30 км / ч  го исклучуваат системот за помош во спречување на можноста за судир со друго возило. ...

Read More »

Патнички воз удри во карпа и излета од шините

Патничкиот воз кој сообраќа на линијата Кичево-Скопје изутринава удрил во карпа која најверојатно паднала на шините во близина на селата Лакавица и Падалишта гостиварско. Повредени нема, но има материјална штета и во прекин е сообраќајот на тој дел од пругата. Во полициската станица Гостивар утрово, во 6:45 било пријавено дека патничкиот воз кој тргнал од Кичево удрил во карпа на ...

Read More »

Забрана за камиони на превојот Стража

Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража во 9 часот утринава е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопштија од Авто мото-сојузот на Македонија. Поради снежните врнежи забрана за камиони претходно беше воведена и на патниот правец крак Маврово – Дебар. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, ...

Read More »