Словенија воведува електронска наплата на патарината

Следната година во Словенија ќе започне електронската напалата на патарината за тешки возила, а тоа значи дека возачот ќе добие уште една „кутија“ на шофершајбната. Наплатата на патарината за лесни возила до 3.500 кг останува како и порано со вињетката.

Во словенската мрежа на автопатиштата и брзи коловози, која изнесува 540 км, ќе бидат поставени 126 фиксни портали за електронска наплата на патарината. Системот ќе биде подржан од DSRC (Dedicated Short Range Communication) технологија со фреквенција од  5,8 GHz, што ќе овозможи безжична комуникација помеѓу контролниот уред и системот во возилото.

Од вкупно 126 портали, 15 ќе имаат дополнителна опрема за следење на движењата на возилата (камери и радари). Последните информации најавуваат дека електронската наплата на патарината за комерцијалните возила (камиони, автобуси и останати возила чија маса не надминува 3,5 тони) ќе започне да се применува во првите месеци од 2018 година.

Leave a Reply