Setra ја претстави новата генерација на туристичкиот автобус на спрат кој ја носи ознаката 531 DT, на кој, покрај новиот изглед акцентот е ставен на неговата искористеност и безбедност.
Новата Setra 531 DT носи потполно нов дизајн на што се должи 30 проценти подобра аеродинамика која пак во комбинација со останатите унапредени производи резултира со 8 насто намалена потрошувачка.
Безбедносните системи на Active Brake Assist 4 и Sideguard Assist за прв пат се вграени во некој автобус, а од останатите новитети тука е можноста за избор помеѓу две шоферски кабини, а и скалите можат да бидат на левата или десната страна.
Нови се и тоалетот и огледалата, додека LED светилките се дел од серијската опрема.