Volvo Trucks – Автоматска контрола за повисоки приноси (ВИДЕО)

Volvo го претстави камионот за превоз на шеќерна трска со автоматско управување, со што се намалува оштетувањето на младите билки, а се зголемува приносот.

Најголемиот производител  во светот на шеќерната трска е Бразил, а со досегашниот начин на жетвата се губеа околу 4%, односно 10 тони трска по хектар на годишно ниво, бидејќи камионот ги газеше младите билки кои треба да се берат следната година.

Volvo Trucks разработи систем за управување, па така, со помош на GPS , внимателно управува со камионот, одржувајќи ја точната позиција во однос на младите билки и на комбајнот кој се движи паралелно.

Ова е возможно со помош на мрежа од координати кои ја покриваат целата плантажа, а два жироскопи гарантираат дека од зададениот курс, камионот може да одстапи најмногу 25мм.

На ваков начи, возачот може да се концентрира на одржувањето на брзината во согласност со комбајнот и да ја следи количината со која се полни приколката.

 

Leave a Reply