Sprinter City 75 – Минибус на годината 2019

Членови на жирито за “Меѓународен автобус на годината” на тестови за Минибуси во Мадрид, го прогласија Mercedes Sprinter City 75 за Минибус на годината 2019.

Во конкуренција на Mercedes-Benz Sprinter беа и Iveco Daily Line Natural Power, Ferguj Sunrise, Indcar Strada Ecity Le и MAN TGE 4×4 Intercity. Членовите посебно беа импресионирано од фактот што Mercedes успеа да обезбеди транспортна опција за дури 38 патника.

City 75 е создаден од платформата на Sprinter, но конструкцијата после В носачот е потполно различна како и изведбата на задната осовина. Со должина од 8,5 метри и најголема дозволена маса од 6,8 тони, Sprinter City 75 се нуди во изведба со две осовини каде што задната, погонската, осовина има двојни тркала и носивост до 5 тона.