Volvo FH16 со автономен транспорт (ВИДЕО)

Volvo за норвешката компанија Brønnøy Kalk AS го тестира решението со автономниот транспорт за материјали кои се вадат од ископите и што ќе станат функционални следната година.

Шест FH16 камиони со полуприколки ќе бидат вклучени во превозот, кој ќе пренесува варовник од ископувања до пет километри далечно пристаниште. Операторот на камионот управува со камионот за време на товарењето, а по товарењето, камионот вози до пристаништето каде што го товари возилото и се враќа на ископувањето.

Од ископување до пристаниште, камионите не возат по јавни патишта, туку преку ископот односно кроз два долги тунели. Во пристаништето е машината за дробење која го ситни варовникот и го качува на брод. Кога решението ќе почне да функционира, камионот ќе вози речиси континуирано 24 часа на ден, бидејќи значително ќе ја зголеми ефикасноста.