CNH Industrial најави промени на лидерските позиции во компанијата

CNH Industrial ги објави следните промени на високите лидерски позиции во копманијата:

Ричард Тобин се повлекува од функцијата главен извршен директор и директор на CNH Industrial за да продолжи со друга директорска функција. Заминувањето на Тобин ќе стапи на сила на 27 април 2018 година, по објавувањето на финансиските резултати на Компанијата за фискалниот квартал кој завршува на 31 март 2018 година.

Бордот на директори го назначи Дерек Нилсон како привремен извршен директор. Г-дин Нилсон има скоро две децении искуство со CNH Industrial и до неодамна работел како главен оперативен директор на EMEA и претседател на сегментот на комерцијални возила во компанијата. Од 2012 до 2015 година има работено како Главен директор за производство.

“Ричард и јас работевме заедно повеќе од 20 години низ различни компании и индустрии и му посакувам се најдобро во ова следно поглавје од неговата кариера”, изјави Серџио Маркионе, претседател на CNH Industrial. “Еден од најважните и трајни квалитети на лидер е развојот на луѓето што ги водите. Рич напорно работеше на изградбата на силен тим во CNH Industrial, вклучувајќи го и Дерек Нилсон, кој ќе биде привремен извршен директор, додека Бордот е во потрага по нов Главен извршен директор. Дерек носи широк спектар на искуства во продуктивниот и географскиот профил на Компанијата и ќе обезбеди непречена транзиција, бидејќи ја финализираме нашата одлука за позицијата на Извршниот директор преку процесот за избор што го раководи Бордот”.

Во склоп на CNH Industrial се наоѓаат и светски познатите брендови како на пример: Iveco за комерцијални возила; Iveco Bus за автобуси; Iveco Astra за каменоломи и градежни возила; Magirus за противпожарни возила; Iveco одбрана Возила за одбрана и цивилна заштита. Повеќе информации можете да најдете на корпоративната веб-страница: www.cnhindustrial.com