Mont Blanc поскапува за Euro 3 камионите

Од 1 април, за 5% поскапува преминот низ тунелот Mont Blanc  за камионите со Еуро 3 мотори.

Дирекцијата на претпријатието која управува со тунелот Mont Blanc најави дека поради заштита на чистиот воздух на територијата во долината Аоста во Италија, односно по долината на Арве во Франција, од 1 април ќе го поскапи преминот низ тунелот за Еуро 3 камионите за 5%.

На овој начин сакаат да потикнат користењето на нови и почисти возила што е најава за прв чекор до потполната забрана за Еуро 3 возила во сообраќајот. Инаку забраната веќе важи за  Еуро 0,1 и 2 возилата. Сличните мерки, наскоро се очекуваат и за тунелот Fréjus.

Дневно, низ тунелот Mont Blanc во просек поминуваат околу 2.340 камиони, а актуелна цена за еден премин на камион низ него изнесува 163,9 евра, додека повратен билет чини 255,1 евро. Колкави ќе бидат цените по пооскапувањето можете да проверите на следниот линк www.atmb.com