Партнерство за камион во иднината

IVECO и Nikola Corporation ги здружија силите за да направат концепт какви TREба да бидат камионите во блиската иднина

IVECO, FTP Industrial и Nikola Corporation ги презентираа обемот и плановите на заедничкото вложување и договор за соработка воспоставен за да се забрза индустријата во трансформацијата кон нулта емисија на СО2 кај тешките камиони од класа 8 во Северна Америка и Европа со технологија н усвојување на горивни ќелии.

Ова доаѓа само три месеци по објавувањето на стратешкото партнерство помеѓу CNH Industrial и о Nikola , вклучувајќи го брендот IVECO и FPT.

Основниот фокус на договорот е успешно искористување на соодветната експертиза на партнерите за нулта емисија кај тешките камиони и нарушување на индустријата со нов деловен модел.

Партнерството вклучува создавање на европско заедничко вложување за развој и дистрибуција на кабината врз база на водородни горивни ќелии и батериски електрични камиони за европскиот пазар. Nikola  ќе ја обезбеди експертизата за горивни ќелии и напредни технологии, како и нејзиниот деловен модел што предвидува прва инклузивна стапка на закуп на индустријата. IVECO, заедно со FPT Industrial, ќе придонесат во инженерската и производствена експертиза за индустријализација на електричните камиони со горивни ќелии и батерии.

IVECO, FPT Industrial и Nikola  започнаа со развој на првиот камион од нивното заедничко партнерство: електричната батерија Nikola TRE, којa e поставена на новата платформа IVECO S-WAY и се спојува со технологијата на Nikola во контролата и информатиката. Тестирањето се очекува да започне кон средината на 2020 година, а претставувањето е планирано да биде на IAA 2020. Продажбата и постпродажба на Nikola TRE ќе го обезбеди широко распространетата европска мрежа на дилери на IVECO.

Партнерството беше лансирано на настан што се одржа во Торино, а домаќини беа Хубертус М. Махлаузер, извршен директор на CNH Industrial, Герит Маркс, деловен претседател на CNH за трговски и специјализирани возила, Анализа Штупененго, Претседател на индустриски дел во CNH, Тревор Милтон, извршен директор на Nikola и Марк Расел, претседател на управниот одбор во Nikola.

Хубертус М. Мехлаузер, извршен директор на CNH Industrial, изјави: „Зголемениот фокус на фактот дека треба да има фундаментални намалувања во емисиите кај возилата ја придвижува нашата индустрија брзо да се бараат напредни технолошки решенија. Ова заедничко вложување со Nikola треба да резултира во материјални придобивки за животната средина во превозот на големи растојанија во Европа. “

Тревор Милтон, извршен директор на Nikola  Моторс, заклучи: „Ова партнерство е добитна за сите вклучени. Од моментот кога го промовиравме Nikola ОNЕ во 2016 година, возачи на камиони и владини службеници бараа од нас да го донесеме Nikola  во Европа. Nikola  TRE е прекрасен и иновативен и за разлика од кој било друг камион во светот. Ни требаше вистинскиот партнер за да ни помогне да влеземе во европскиот пазар и CNH Industrial е вистинскиот трговски партнер. Додека другите отпуштаат десетици илјади вработени, Nikola  создава илјадници работни места и ја принудува камионската индустрија да реагира и да оди кон нулта емисија. Погледнете што постигнавме за три месеци, сега замислете што ќе постигнеме за три години со CNH Industrial како наш партнер “.

3 2 1 0“ – Отклучете го следното ниво: темата на настанот, состанок со иднината на нулта-емисија

Темата на настанот за започнување на партнерството, „3 2 1 0“, го сумира заедничкото вложување: Бројот три, како Nikola TRE, заеднички прв иновативен производ на вложувањето; Бројот два:  двете компании – Nikola  и CNH Industrial – се собираат да се формира eдно партнерство кое ќе ја сподели крајната цел на нулта емисија.

Со овој настан, партнерите закажаа состанок со иднината и им го даваат на гостите пристапниот код да го отклучите следното ниво, каде што ќе го најдат камионот во иднината со нулта емисија.

Свеченоста по повод објавата на партнерството се одржа во Торино, каде што имаше и претставници на kamioni.mk.

Вечерта кулминираше со изненадното откривање на новата генерација камион со нулта емисија како архитектонски инсталација со автоматска хромирана призма отворена за откривање на макетата на NikolanTRE.

Настанот беше прикажан во живо за гледачите во Северна Америка, а снимката е достапна на IVECO’s YouTube channel: https://www.youtube.com/iveco?hl=it