Actros SLT влече Airbus

Спектакуларната операција за транспорт на оштетениот Ербас А 320 од Талин до Калв, во близина на Штутгарт, траеше вкупно 11 дена.

Превозот на Airbus А 320 од Талин во Естонија на југ од Германија се чинеше дека е невозможна мисија, но таа сепак успешно се заврши. Авионот беше оштетен при обид за слетување во Талин и повеќе не можеше самосотојно да се врати во воздухопловниот команден центар на специјалните сили KSF во Кал, југозападно од Штутгарт. Mercedes-Benz Actros 4163 SLT со 630 КС ја влечеше композицијата тешка 90-тони, долга 60-метри и широка 5 метри,  на која се наоѓаше трупот на авионот.

Компанијата Паул од Штутгарт го превзела товарот во Талин, па композицијата најпрво била пренесувана со брод во Либек, од каде што  трасата продолжила по копното. Потребни беа три ноќи, за композицијата преку Хамбург, Магдебург, Нирнберг и Штутгарт да стигна до подножјето на Шварцвалда. Неколку пати, во текот на патувањето, поради ниските надвозници, беа принудени да се симнуваат од автопатот. Во еден случај,  мораа да се вратат на автопатот возејќи наназа и тоа во спротивна насока, за да се качат на автопатот во вистинската насока.