Iveco комерцијални возила на електричен погон

Редакцијата на kamioni.mk присуствуваше на презентацијата на новите е-возила на ИВЕКО во Торино

Градот Торино е препознатлив по многу нешта: Бил престолнина на кралевството Италија, го има ФК Јувентус и ФК Торино, бил домаќин на зимските олимпуски игри во 2006 година, бил и сеуште е колевка на автомобилската индустрија во Италија, тука е роден ФИАТ и уште 80 други помали или поголеми производители на автомобили. Секако тука е и ИВЕКО, гигантот во производството на камиони и лесни комерцијални возила.

Од 2018 година иноваторите и инжињери на ИВЕКО започнаа да го следат трендот на конверзија на комерцијалните возила и камиони придвижувани со електричен погон. Резултат на нивната работа заедно со американски партнер беше камионот НИКОЛА кој се движи исклучиво на електричен погон. Од оваа година започна и производството на целата гама на комерцијални возила со електричен погон. Ова значи дека целокупната производна програма на ИВЕКО – комерцијални возила сега ќе бидат предлагани на клиентите и со електричен мотор.

ИВЕКО еДеили комерцијалните возила имаат инсталирано електро мотор од 140KW моќност, и батерии од последната генерација на LITHIUM-Ion CMN (lithium, Cobalt, Manganese and Nickel) со капацитет од 37KWh,  74KWh I 111KWh. Овие батерии се прилагодени да можат да го дадат својот максимум и на екстремни температури (-30 до +50), што секако претставува предност во однос на останатите конкуренти и ги прави Ивеко еДаили возилата да бидат применливи во секакви услови. Соработката со производителот Microvast  овозможи нивните литиумските батерии да бидат 20 пати поефикасни од останатите и со најголем степен за безбедност.

ИВЕКО дава гаранција на батериите од 8 години или 250000КМ. Инсталиран е систем за брзо полнење на батериите од 80KW што овозможува за 30 минути да се наполни батеријата како би можело да се помине минимум 100КМ.  

Со ваквата моќност од електро моторот и капацитетот на батериите, ИВЕКО комерцијалните возила ќе можат да одговорат на сите потреби и желби на клиентот. Ова одтаму што брзината на возилото под оптимален товар воопшто не се разликува од брзината која што ИВЕКО комерцијалните возила со дизелов мотор можат да ја постигнат. Товарот предвиден за овие електрични комерцијали возила зависи од моделот и се движи од 2,8t до завидни 7,2t.

И сега она најважното, автономијата на овие возила може да достигне до завидни 400КМ. Секако, ова зависи од режимот со кој се вози возилото, товарот кој ќе биде превезуван и употребата или користењето на дополнителни потрошувачи на енергијата.

Вредно за споменување е дека комплетниот SET-UP, елементи, делови, вклучително електро моторот и батериите се дело на ИВЕКО и се произведуваат во нивната фабрика FPT Industrial во Торино. Тоа што вашиот известувач го виде во наведената фабрика за производство на моторот и батериите е нешто што се вели дека е производство од иднината. Во целосно новиот погон се произведуваат и склопуваат наведените елементи, електро мотори и батерии со најсовремени машини-роботи. Ова само потврдува дека ИВЕКО е цврсто на определбата дека иднината на овој тип на возила е тие да бидат придвижувани со електричен погон.

Управувањето на овие електрични возила, што вашиот известувач имаше прилика да го оствари, претставуваше особено задоволство:

Овие возила имаат инсталирано 3 режима на движење со што се овозможува да се избере и адекватен начин на искористеност на енергијата од батериите а со тоа и заштеда на истата и зголемување на опсегот на движење:

  • ECO MODE (еколошки режим) овозможува начин на движење на возилото со кое се обезбедува 70% искористеност на енергијата од батериите. Со овој режим се обезбедува најголема автономија и најголема заштеда на енергија.
  • NATURAL MODE (нормален режим) го прави возењето малку подинамично од претходниот режим, забрзувањето и општо моќноста на возилото е поголема кога се вози со овој режим. Искористеноста на енергијата е до 80 %
  • HI POWER MODE (висок режим) го прави возењето на возилото многу подинамично. Чувство дека се вози навистина моќно и брзо возило. Искористеноста на енергијата е до скоро 95% и тоа овозможува да се постигне максимално забрзување и моќност на моторот која е забележиелна. Со овој режим на возење потрошувачката на енергијата е најголема и воедно опсегот на возење е најкраток. Но, се користи првенствено кога се престигнува друго возило каде што престигнувањето е многу полесно и побрзо или пак за превезување на големи товари.

Покрај овие споменати три режима на возење, корисникот може да избере и три модела  на поврат (реверзибилност) на енергијата со системот на кочење со моторот:

  • ONE PEDAL DRIVE (Реверзибилен режим тип 1), овозможува значителен поврат на енергија на батериите со кочењето на моторот. Особено корисен при возење низбрдо кога кочењето со моторот е значително и се врши значителен поврат на енергија во батериите. Истовремено се штедат и кочниците.
  • STANDARD REGENERATIVE DRIVE (Реверзибилен режим тип 2) исто така врши значителен поврат на енергија во батериите. Не е така оштро изразено кочењето со моторот како во претходниот режим но сепак обезбедува значителен поврат на енергија.
  • SAILING (лебдење) е режим со кој скоро да воопшто не се обезбедува кочење со моторот а со тоа и поврат на енергија во батериите. Чувство како да лебдите кога ќе се отпушти педалата за гас.

Важно за напомена дека изборот на режимите се врши во текот на возењето во зависнот од состојбата на патот и желбата и потребата на возачот.

Генерален заклучок е дека ИВЕКО еДеили комерцијалните возила на електричен погон се вистински избор за било каква потреба на корисникот. Големата можност за избор на модел ги прави единствени на пазарот:

Со носивост на товар од: 3,5t до 7,2t

Со капацитет на товарен простор од: 7,3м3 до скоро 20м3

Со варијанти за транспорт на различен товар:

  • Градежни материјали во отворен товарен простор со единечна или двојна кабина;
  • Транспорт на товар во затворен простор;
  • Транспорт во кабина со фрижидер;
  • Транспорт на комунален отпад;
  • Санитетски возила и
  • се што е потреба на секој клиент

Го прави ИВЕКО да биде лидер на пазарот во сегментот на комерцијални возила со електричен погон.

Комерцијализацијата на ИВЕКО еДаили возилата е веќе започната. Првите испораки се очекуваат да бидат реализирани во текот на Ноември и Декември оваа 2022 година.

Плановите за развој ги следат најновите препораки на ЕК за употреба на возила со конвенционални мотори.