Volvo Trucks патентираше и воведе Active Grip Control – нова безбедносна карактеристика за електрични камиони. Новиот систем значително ја подобрува стабилноста, забрзувањето и сопирањето на лизгави површини.
Благодарение на брзата реакција на електромоторот, силата што се создава помеѓу тркалата и подлогата може да се контролира за многу кратко време со цел проактивно да се спречи пребрзо или пребавно вртење на тркалата, односно лизгање.
Оваа карактеристика јасно го подобрува забрзувањето на лизгави површини. Тестовите на лизгави површини (снег и мраз) беа извршени со Volvo FH Electric на површина со слабо триење со натоварена приколка, а при целосно забрзување беа забележани подобрувања од 45%.
„Кога возите на лизгава површина или надвор од патот, подобрувањето е навистина импресивно. Верувам дека ова ќе ја зголеми продуктивноста за нашите клиенти“, вели Ана Вриге Берлинг, директорка за сообраќај и безбедност на производи во Volvo Trucks.
Ако камионот почне да се лизга, се активираат голем број сензори кои му овозможуваат на системот за управување на камионот интелигентно да реагира на условите на површината на патот, што ќе му помогне на возачот да го задржи камионот на патот.
Оваа функција е дизајнирана да го намали ризикот од подуправување и неусогласеност додека возите ненатоварен камион.
„Со Active Grip Control, возачите имаат подобра способност да минуваат низ тежок терен, дури и во најсложените услови. Ова е единствена карактеристика патентирана од Volvo Group“, објаснува Ана Вриге Берлинг. Може да се забележат подобрувања и при сопирање, бидејќи функцијата може да се користи за контролирано регенеративно сопирање дури и без употреба на ABS. Ова ја зголемува ефикасноста, бидејќи повеќе енергија може да се користи за регенерација (обновување на кинетичката енергија), што, заедно со полнењето на батеријата, овозможува побезбедно сопирање.
Погледнете го видеото за Active Grip Control ТУКА