Volvo Trucks организира On line настан за да се забрза транзицијата кон електричните камиони

Volvo Trucks има решение за забрзување на трансформацијата на транзицијата кон електричен транспорт. Целта е да се инспирираат транспортните компании како да ги направат првите важни чекори кон електромобилноста.

Глобалниот Online настан не само што ќе одговори на вообичаени прашања, туку исто така ќе нагласи важни деловни аспекти на електромобилноста.

„Со оваа иницијатива, сакаме да ги охрабриме клиентите и превозниците да ги преземат првите важни чекори кон електромобилноста. Понудата на транспорт без употреба на фосилни горива ќе биде клучно за одржување на конкурентноста “, коментира Роџер Алм, претседателот на Volvo Trucks.

Volvo Trucks започна да произведува електрични камиони уште во 2019 година. Од тој момент, брзината на борбата против климатските промени се зголеми уште повеќе.

„Ние сме претходници во електричниот транспорт и работиме напорно за да ја иницираме оваа неопходна технолошка промена. Многу парчиња од сложувалката сега се собираат, што им овозможува на другите носители, драстично да ја намалат емисијата на СО2. Овој настан ќе објасни како тоа може да се направи “, вели Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks.

Покрај претседателот на Волво камиони, Роџер Алм и експерти од компанијата, на настанот ќе присуствуваат и претставници на големи компании како Amazon и IKEA, како и директори на транспортните компании DFDS во Европа и Manhattan Beer Distributors во САД.

Линк до On-line настанот тука.