Mercedes-Benz ги претстави првите фотографии од новиот модел на линија Intouro кој доаѓа со системот за итно сопирање Active Brake Assist 5 и системот Sideguard Assist кој детектира пешаци, велосипедисти како и препреки што може да се најдат на рутата на автобусот при вртење.

Новиот Intouro е автобус од прва линија опремен со Active Brake Assist 5 (или ABA 5) за препознавање пешаци кои можат да се најдат пред автобусот и дозволува автоматско сопирање до застој.

Ова е понатамошен чекор во развојот бидејќи ABA 4 системот активираше автоматско сопирање во случај на итен судир со други возила или стационарни објекти.
Системот Sideguard Assist е уште една новина и тој е радарски систем кој препознава други учесници во сообраќајот, како и препреки, на страната на возилото при вртење и го предупредува возачот доколку постои можност пешаци или велосипедисти да бидат на трасата на автобусот.

Со голем број на изведби, Intouro може да се користи за разни намени, од редовен превоз, преку превоз на училишни деца, превоз на работници, но и како туристички автобус за еднодневни патувања или екскурзии.
