Daimler ги претстави водородниот камион со автономија од 1.000 км и електричниот Actros со досег од 500 км

Daimler Камиони минатата недела имаше светска премиера на концепт камион на водороден погон, со што ја презентираше и својата технолошка стратегија за електрификација на возилата, со крајна цел заштита на животната средина.

Центар на вниманието на настанот беше претставувањето на технологијата на основа на водород, кој треба да ги придвижува камионите наменети за долги релации. Концептот именуван како Mercedes-Benz GenH2, има автономија на движење од 1.000 километри, што го прави компатабилен за користење кај камиони за транспорт на долги релации. Се очекува сериско производство на овој концепт, во втората половина на оваа деценија.

Исто така, презентиран е и електричниот еActros, со досег од 500 км, кој ветува висока енергетска ефикасност. Неговото сериско производство се очекува во текот на 2024 година.

„Нашите купувачи донесуваат рационални одлуки при купување и не се подготовени на компромис со нивните камиони“, изјави Претседателот на Управниот Одбор на Daimler Truck AG, Мартин Даум.