Од 1 јули годинава, во Германија важат нови правила за употреба на зимски гуми за комерцијални возила, според кои зимските гуми покрај на погонска, мора да бидат и на управувачката оска.
Новите правила важат за возила од категоријата N2 и N3 (максимално дозволени тежини над 3,5 тони).
Во Германија, за разлика од Австрија каде што обврската за употреба на зимски гуми трае од 1 ноември до 15 април, употребата на зимски гуми зависи од условите на патот. Во случај на неискористување на соодветни гуми, казните може да бидат од 60 до 120 евра.