7,5 милијарди евра од патарините во Германија

Минатата година,  како резултат на поскапувања и проширувањата на патарините кон државните патишта, приходите од патарина беа повисоки за 44%  во однос на 2018 година.

Камионите на германските патарини, минатата година со наплата извозеа 40,81 милијарди километри, што е за 8,2% повеќе отколку во 2018 година, а зголемувањето во најголем дел се должи на проширувањето на патарините на државните патишта.

Од вкупниот број километри, најголем дел учествуваат домашните камиони, што претставува 55% од патуваните километри (54,5% во 2018 година), додека од странски возила, полјаците учествувале со 16%.

Најголем раст забележаа камионите на литванските компании, кои во 2019 година поминале 11% повеќе километри отколку во 2018 година, достигнувајќи удел од 3%.