Nikola Tre ќе се произведува во Улм

Iveco и Nikola најавија дека Nikola Tre ќе се произведува во Улм, во поранешната фабриката Магирус, каде исто така се произведуваше Stralis, а денес е главен центар за развој на Iveco.

Nikola Tre, за кој веќе пишувавме е резултат на заедничко вложување помеѓу Iveco и Nikola.

Покрај долгата традиција на производство на камиони која трае повеќе од еден век, Улм, или провинцијата Баден-Виртемберг, е дом на бројни добавувачи и компании кои се занимаваат со ваков вид на производство, а неодамна е претставена и Националната стратегија за искористување на водородот во која германската сојузна влада ќе инвестира две милијарди евра.

Преку заеднички проект, компаниите ќе инвестираат 40 милиони евра за проширување на производниот капацитет во Улм, каде производството на моделот Nikola Tre треба да започне во првиот квартал од 2021 година и првите испораки подоцна во текот на годината.

Најпрво ќе се произведува влечач во 4×43 и 6×2 конфигурации со електричен погон, кој ќе може да инсталира батерии до 720 kWh, додека погонот ќе го обезбедува електричен мотор од 480 kW.

Производство на погон со горивни ќелии ќе започне со тестирање следната година, а на пазарот треба да се појави во 2023 година.

Основата на развојот и за двата модела е платформата Iveco S-Way, која ги интегрира погонот на Никола, а првите примероци, чие сериско производство ќе започне следната година, ќе ги видиме на салонот во Хановер во септември.