Данска воведува минимална плата за странските возачи

Данскиот парламент усвои предлог-закон со кој се утврдува минималната плата за странските возачи кои превезуваат стоки и патници на територијата на Данска.

Со законот е дефинирано дека сите возачи кои возат стока или патници до и од Данска и кога вршат кабитажа мора да бидат платени исто како возачите на данските компании. Исто така, сите странски превозници се запишуваат во посебен регистар, што ќе им помогне на данските власти полесно да ја контролираат спроведувањето на оваа мерка.

Оваа мерка (чиј што ефективен датум сè уште не е познат) беше воведена поради бројните дански компании кои формираат фиктивни компании во источноевропските земји и работат во Данска.