Електронски погон на Econic – eEconic следната година тргнува во екстензивни тестирања, а сериското производството ќе започне во 2022 година.
После Fuso eCanter, Mercedes-Benz eActros и електричните верзии на Freightliner, Daimler ќе претстави уште еден електричен камион – eEconic.
Очекувано, објектот ќе се заснова на решенија од еActros, при што најпрво ќе бидат понудени општински капацитети за собирање отпад. Логично затоа што станува збор за релативно ниска километражна операција со многу запирања и стартувања, што е идеално за електричен погон.
Бидејќи овие возила се движат скоро исклучиво во урбаните области, електричниот погон ќе обезбеди помалку загадување и пониско ниво на бучава. И eEconic ќе има кабина со низок кат што овозможува лесен влез и излез, одлична видливост и сите системи за помош за заштита на ранливите корисници на патот.
Покрај погонот, треба да се реши и надргарадбата на електричниот погон, а Mercedes најави дека ќе започне со тестирање во текот на следната година, бидејќи производството ќе започне во 2022 година.