Scania аларм за кражба на гориво

За жал, не е ретка појава возачите по паузата, да најдат насилно отворен капак на резервоарот и украдено гориво. Новиот Scania аларм ќе спречи вакви случаи во иднина.

Алармот за кражба на гориво, Scania треба да го спречи или барем да го намали бројот на кражби, бидејќи освен што предизвикува директно оштетување на трошоците за гориво, може да предизвика и дополнителни проблеми бидејќи камионот не може да тргне, тоа значи одложување на истовар или товарење и дополнителна штета.

Алармот го следи нивото на горивото и доколку почне нагло да се намалува, се активира продорен звук (ист како и кај системот за аларм на возилото), а корисникот веднаш ќе добие сигнал преку e-mail или СМС-порака од Scania Fleet менаџментот, во случај да не се наоѓа до возилото.

Еден француски превозник посочува дека директните и индиректните трошоци за кражба се до 12.000 евра годишно и покрај тоа што камионите се наоѓаат во оградена област опфатена со камери за надзор.

Scania Fuel Theft Alarm ќе се активира во секој обид за кражба, а можеби уште поважен е и ефектот на превенција од кражба, бидејќи алармот јасно ќе биде прикажан на резервоарот.