Австриската компанија за транспорт на автомобили Lagermax го доби првиот нов Actros во верзија “автомобил – транспортер”.
![](https://kamioni.mk/wp-content/uploads/2020/01/Actros-1-5e1ec52b0b544-5e1ec52b0beb91.jpg)
Компанијата има 3.600 вработени и филијали во 55 земји со просечна километража на камионите од 100.000 км годишно. Во возниот парк имаат 500 свои камиони, меѓутоа треба да се додадат и возила на нивните продизведувачи.
Директорот и менаџер на возниот парк Франц Биргман, посочува дека со толку голема километража, секој еден процент од заштедата е многу голем, и тие очекуваат да го постигнат тоа со новиот Actros, кој изобилува со напредни технологии, од кои најистакнат е системот MirrorCam.
![](https://kamioni.mk/wp-content/uploads/2020/01/Actros-2-5e1ec51820b00-5e1ec518214412-1024x623.jpg)