Апликација MYIVECO Easy Way – ново ниво на поврзаност

Новата апликација MYIVECO Easy Way е дизајнирана да го олесни животот за возачите на тешки Iveco камиони со далечинско контролирање на неколку функции на кабината, како и далечинско активирање со Iveco Assistance Non-Stop или Remote Assistance Service кога е потребно.

Iveco воведува новата апликација MYIVECO Easy Way, која треба ви помогне при максимизирање на работните часови, со голем број на функции достапни на мобилните апарати.

„Новата апликација MYIVECO Easy Way е јасен знак за сериозниот пристап на Ivecо, насочен кон возачот. Оваа нова апликација има за цел да му помогне на возачот и да обезбеди пристап до корисни информации и податоци. Апликацијата обезбедува совети за возење и заштеда на гориво преку проценка на стилот DSE и, доколку е потребно, може да се искористи за лесно и брзо активирање на нашата служба за помош, преку исклучително корисен и интуитивен интерфејс изјави Фабрицио Коникела, Глобален шеф на дигитални комерцијални и специјализирани возила Iveco.

Новата апликација MYIVECO Easy Way ја зголемува удобноста на возачот; дозволувајќи му  далечинско управување со сите функции на кабината. Осветлување, климатизација, врати и прозорци, подвижен покрив и заклучување на вратите – сите брзо лоцирани на едно место на телефонот и таблетот на возачот. Со апликацијата, возачот исто така може да го превземе дигиталниот живот во камионот што го има насликан на својот мобилен уред преку новиот инфозабавен систем, за целосно да може да ужива во возењето и функционалноста.

Возачот може да го гледа оценувањето на стилот на возење (DSE) директно на мобилниот уред. Подобрени карактеристики на DSE засновани на нови алгоритми кои испорачуваат поефикасни перформанси, како и економичност на горивото, нега на возилото и клучен индикатор за изведба за да се зголеми економичноста на горивото и стилот на возење.

Со новата апликација MYIVECO Easy Way, возачот никогаш не е сам на пат – тој може лесно да ја активира услугата за далечинска помош што го поврзува со работилницата. Техничарот може оддалеку да ја провери дијагностиката на возилото каде и да е (Remote Assistance Service ), па дури и да го ажурира софтверот OTA (Over-the-Air)на неговата електроника, доколку е потребно. Покрај тоа, IVECO помош нон-стоп  (IVECO Assistance Non-Stop) обезбедува 24/7 помош, помагајќи да се зголеми животниот век на возилото и да ги задржи возачите на патот.

Апликацијата Easy Way на MYIVECO ќе се ажурира редовно со нови функции и постојано ќе се развива за да ги задоволи променливите потреби на транспортните компании. Ова ќе им помогне на клиентите да го развиваат сопствениот бизнис, да ја зголемат продуктивноста на флотата и оперативната ефикасност.

Апликацијата MYIVECO EASY WAY сега е достапна за преземање на Google Play и App Store.