Електричен Volvo камион во тешка категорија

Следејќи ги лесните и средните електрични модели на FL и FE, Volvo го воведе концептот на тежок електричен камион за регионална дистрибуција и изградба.

Од овој модел не знаеме премногу, освен што убаво изгледа, бидејќи Volvo не откри детали за погонот, освен дека е еликтричен и ќе придонесе за намалување на загадувањето, односно емисиите на стакленички гасови.

Volvo вели дека овој камион е наменет за регионална дистрибуција на стоки каде камионите надминуваат 80.000 км годишно, што значи дека во просек треба да надминува најмалку 250 км на ден.