Mercedes-Benz Actros ја освои наградата “International Truck of the Year 2020”, Ford Transit Custom Hybrids е “International Van of the Year 2020”, додека Ford Ranger е победник во “International Pick-Up Award 2020”. Победниците се прогласени за време на “Solutrans” во Лион, Франција.
Во избор за “Камион на годината” или “International Truck of the Year 2020” беа Iveco S-Way, Mercedes-Benz Actros i Volvo FH I-Save, а меѓународното жири составено од претставници на 24 специјализирани магазини, највеќе бодови додели на камионот на Mercedes.
Жирито посебно го истакна системот MirrroCam, во кој ретровизорите беа заменети со камера и дисплеи во кабината, со што се зголемува видливоста и намалува отпорот на воздухот.
Во изборот за “Комбе на годината” или “International Van of the Year 2020” се натпреваруваа дури 12 кандидати, што во првиот круг од гласањето се намалија на 6. Во потесниот избор влегоа Fiat Ducato, Ford Transit Custom Hybrids, Ford Transit EcoBlue Hybrid, Iveco Daily, Renault Master и Volkswsagen T6.1. Победник беше Форд со два од најпродаваните модели, со Ford Transit Custom и неговите две хибридни решенија, plug-in hybrid и EcoBlue hybrid.
Во pick-up категоријата се натпреваруваа Ford Ranger, Mitsubishi L200, Nissan Navara, Renault Alaskanи Toyota Hilux. По групното тестирање во Шведска, жирито му додели најмногу бодови на „Ford Ranger“, што само го заокружи успехот на Ford во областа на лесните комерцијални возила оваа година.