527 км со едно полнење

Електричниот автобус Heuliez GX 337 ELEC успеа да ја помине патеката од  527 км само со едно полнење на батеријата.

Станува збор за демо автобус кој инаку се користи во јавниот превоз, за кој потикнати од добрите резултати при секојдневно патување, продажниот тим од Германија реши да го испроба максимумот на стариот тест на Iveco Magirus во Улм.

11ти октомври во 10 часот, со целосно наполнета батерија од 350 kWh, тргна на рекордно возење. Автобусот веќе беше тестиран од страна на 27 германски превозници, а до крајот на август годинава тие во нормална работа успеаа да извозат дури 416 км во Хафенлор, оставајќи уште 6% од неискористениот капацитет во батериите.

Тестот заврши во 21:41 часот и се транспортирани вкупно 517 км, со 4% преостанати неискористени капацитети во батеријата. Просечната брзина беше 46,6 км на час, со вкупно седум возачи кои наизменично се менуваа скоро 10 часа. Целиот процес го надгледуваше тим од ТÜV Südwest.