Јохан Хан и Iveco ја освоија титулата FIA European Truck Racing Championship 2019, ова е втора титула за Iveco и дури шеста за Хан.
Втор пат по ред, Iveco го освои Европскиот шампионат во трки со камиони во индивидуална и тимска конкуренција. Екипата „Die Bullen von IVECO“ доминираше во првенството од првата трка во Мисано до последната во Јарама.
Подеднако импресивен беше и Јохен Хан, на кој ова му е шеста титула на првак во кариерата, а годинава, дури 13 пати стана победник , или барем еднаш секој викенд (се возат четири трки во сабота и недела).
Победничкиот камион е Stralis 440 E 56 XP-R со вкупна маса од 5,3 тони, придвижуван од моторот Cursor 13 со максимална моќност од 1,180 КС и максимална брзина ограничена на 160 km / h. Второто место му припадна на ветеранот Антонио Албасете со MAN, третото на Адам Лацко во Freighliner и на четвртото на Стефи Халм во друг Iveco.