100.000 модели на нови генерации XF и CF

DAF испорача 100.000. примероци од новата генерација на модели XF / CF.

Производството на новата генерација започна во јули 2017 година, а никогаш досега не се постигна вакви резултати за толку кратко време. Станува збор за комбинирано производство на XF и CF модели во фабриките во Ајндховен и Leyland Trucks во Велика Британија.

Јубилејниот камион е DAF XF 450 4×2 FT Super Space Cab испорачан на белгиската компанија Groep Gheys, која има долга традиција да користи камиони DAF, од кои во моментот имаат 80 во возниот парк.