Scania LNG со plug-in електричен кран

На финскиот превозник KuuskuljetusOy му е доставен Scania G410 LNG со електро-хидрауличен кран. Ова е првиот камион со ваква комбинација во Финска, а со  користењето на биогас ќе ги намали емисиите на СО2 за 90 проценти.

Покрај погонот, дополнителна занимливост на овој камион е електро-хидрауличен погон на кран, кој се напојува со батерија која пак се полни од електричната мрежа. Оваа необична комбинација е потребна бидејќи камионот се користи за товарење во Хелсинки во раните утрински часови, кога повеќето луѓе спијат, а ова решение обезбедува значително пониско ниво на бучава и за камионите и за крановите.

HIAB X-HiPro со електрично напојување работи скоро тивко бидејќи моторот на камионот може да се исклучи. Погонските батерии се полнат преку ноќ и како по правило, количината на електрична енергија во целосно наполнета батерија е доволна за секојдневно работење. Ако батеријатасепак се испразни, кранот може да се управува со помош на PTO мотор.