Масовна контрола на камиони во Германија

Германските власти објавија дека на 12ти септември ќе се извршат масовни проверки на комерцијални возила на германските патишта како дел од кампањата „sicher.mobil.leben.“

Во акцијата ќе учествуваат над 5.000 полицајци, кои ќе контролираат камиони, автобуси, такси возила, како и велосипеди користени за товар на вкупно 725 контролни пунктови.

Фокусот ќе биде на техничката исправност на возилото, карго осигурувањето и секако, почитување на работното време и одмор на возачот.