Нов Scania мотор со 540 КС

Scania ги прошири перформансите на 13-литарскиот шест-цилиндричен мотор, за сега најсилна верзија со 540 КС.

Новиот мотор DC13 166 е наменет првенствено за корисници на кои им е потребна голема моќност, но поради ограничувањата на оптоварување на предната оска, тие не можат да користат V8 мотори (на која понудта се движи до 520 КС), но и за секој кој сака поголема моќност од 13-литарски мотор. .

Scania сега има пет најголеми верзии на мотори од 370, 410, 450, 500 и 540 КС, а верзијата од 540 КС ги дели повеќето компоненти со послабата изведба од 500 КС како стабилен турбополнач со фиксна геометрија со топчести наместо лизгачки лежишта.

Со моќност од 540 КС (397 KW) при 1800 вртежи во минута, DC13 166 развива максимален вртежен момент од 2.700 Nm на 1.000 – 1.300 вртежи во минута (150 Nm повеќе од верзијата 500к.с.). Како и со другите верзии на овој мотор, третманот со издувни гасови е со “SCR only” технологија.