Австрија ќе ги зголеми цените на патарините за Еуро 6 камионите за 4 проценти од почетокот на следната година.
Поради намалување на приходите од патарините и зголемувањето на бројот на камиони со најчист Еуро 6 стандард, австриските власти одлучија да ја зголемат цената на патарините за 4%, за камионите со Еуро 6. Претставници на Австриската асоцијација на превозници се очекувано разочарани од оваа одлука, бидејќи им било ветено зголемување од 2%, како и просечната стапка на инфлација.