Роденденско издание на Renault Trucks

Renault Trucks го прослави својот 125-ти роденден со специјално издание на T High 1894 Edition и ќе произведе само 125 такви возила.

Францускиот производител на овој модел,  кој зад себе има долга традиција, одбра специјални бои од логото на Berliet, бидејќи основањето на овој бренд во 1894 година беше обележано како почеток на долга историја на денешните Renault Trucks.

Главната боја е специјална “полноќна сина”, додека многуте детали од возилото се направени во златно жолто. Во таа боја се багажникот и светлата на покривот. Особено истакнат е натписот “Издание 1894”, кој го има на предната и задната страна. Внатре има детали во истите бои, а специјалните седишта Recaro имаат црвени штепови и натпис “Издание 1894” на потпирачот за глава.

Посебното издание, исто така, ја има најдобрата можна опрема, како што е панорамска инструментална табла со LCD екранот “Edition 1894”. Постои и единствена изработка со најсилната верзија на 13 литарскиот мотор за 520 КС.