Krone, еден од водечките европски производители на приколки, го презеде Knapen Trailers, холандски производител специјализиран за производство на приколки со подвижен под.
Од 24-ти јуни, Групацијата Krone Commercial Vehicle поседува 100% од акциите на Knapen Group преку нејзината ќерка, Knapen Trailers BV. Knapen е водечки европски производител на приколки со подвижен под, со кој Krone добива значително проширување на својата понуда.
Иако оваа трансакција треба допрва да биде потврдена од страна на регулаторните органи на ЕУ, откако ја презеде кинеската Xiantong минатата есен, Krone продолжува да се проширува со купување на Knapen. Како што е наведено во изјавата од Knapen, тие остануваат независни во нивните операции, а постојната администрација ќе продолжи да работи. Станува збор за релативно мала компанија од југозападот на Холандија која е тесно специјализирана за производство на камиони со приколки со подвижен под, која успа да го достигне највисокото ниво на квалитет и иновации и е водечки производител, во овој сегмент, во Европа.