Минатата година, Volvo Trucks го претстави своето прво поврзано, автономно и електрично возило Vera, кое сега се упатува на првата работна задача.
Првата задача е транспорт на стоки во поврзан и повторувачки тек, од логистичкиот центар на DFDS до пристаништето на компанијата APM Terminals во Гетеборг.
Ова е првиот чекор кон имплементација на Vera во реални транспортни операции и развој на потенцијали за слични задачи. Целта на задачата е да обезбеди беспрекорен и постојан проток на стоки што ги исполнува барањата за поголема ефикасност, флексибилност и одржливост, на претходно дефинирани јавни патишта во индустриската зона.
Во овој проект за имплементација на Vera, главните партнери се Volvo Trucks и DFDS , APM Terminals се вклучени како покровители, а иницијативата се спроведува со поддршка на Шведската агенција за иновации Vinnova, Шведската дирекција за транспорт и Шведската агенција за енергија, преку стратегиска програма за истражувања и иновации на возила FFI.
-DFDS компанијата обезбедува траект и транспортни услуги во Европа и Турција, со 8.000 вработени во 20 земји и со седиште во Копенхаген.
-АПМ терминали е решение за пристаниште и даватели на услуги за контејнерски терминали, кои работат на мрежа од 76 пристаништа ширум светот, и е дел од логистичката компанија А.П. Молер-Маерск, кој работи во 130 земји и вработува околу 70.000 вработени.
-Интеграцијата се врши со поддршка на Шведската агенција за иновации Винова, Шведската дирекција за транспорт и Шведската агенција за енергија, преку програмата за стратегиски истражувања и иновации на FFI.