Hyundai електричен double-decker

Јужнокорејската компанија го претстави својот прв автобус на катови со  електричен погон и со кој сака да го намали загадувањето и сообраќјните метежи.

Автобусот има вкупно 70 седишта, 11 во долното ниво и 59 на горниот кат, што е за 50% повеќе патници во споредба со класичниот автобус. Развојот траеше само 18 месеци и осигурани се места за две инвалидски колички и автоматска рампа за нивен влез.

Капацитетот на полимерните батерии што се ладат со вода е 384 kWh, а со едно полнење можат да се извозат 300 км. Hyundai ја истакнува можноста да се наполни за само 72 минути (секако, со 300 kW полнач).

Должината на автобусот е 12.990 мм, висината 3.995 мм и има независна суспензија на предната оска и прилагодлица задна оска. Вкупната моќност на моторот е 240 kW со два мотора во главните тркала на предната оска и еден во задната оска.