Нови патарини на новите автопати

Владата на Република Северна Македонија на седница ја разгледа и усвои Информацијата согласно која е донесена Одлука за висината и начинот на наплата на надоместот за употреба на пат – патарина.

Одлуката се донесува заради воведување наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – Штип, како и заради можноста за електронска наплата на патарината со електронски бесконтактни смарт-картички и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање.

Дополнително, на предлог на Министерството за финансии, Владата денеска го усвои Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем наменет за финансирање на Проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини по должина Коридорот VIII и автопатот Миладиновци – Штип, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта.

Преземено од www.fokus.mk