10 нови Iveco Stralis CNG за Kamenolom Rakovac

Kamenolom Rakovac doo е првата компанија во Србија која ги користи ниските трошоци за сопственост на TCO (Total Cost of Ownership) природен гас за транспорт на камени материјали. Десет камиони Iveco Stralis NP 460 започнаа со работа во нивната флота на почетокот од април.

На 11 април, Iveco испорача 10 влекачи Stralis NP 460 CNG со вградена хидраулична опрема за полуприколка на каменоломот Раковац. Станко Милинковиќ, сопственикот на Kamenolom Rakovac, ги презеде возилата од Небојша Гајиќ, генералниот директор на West Truck, компанија дел од овластената Iveco ACK мрежа и Марко Ходалиќ, директорот на продажба на Iveco Natural Power за CEE регионот.

Kamenolom Rakovac doo има долга индустриска традиција. Дробилката работа од 1937 година и има многу успешен бизнис, постигнувајќи водечка позиција во оваа област на територијата на Војводина и значителен дел од српскиот пазар.

“Ние инвестираме во кадар, нови машини и транспортни возила за да одговориме на побарувачката на пазарот. Со 10 нови Stralis CNG, го направивме нашиот транспорт поефикасен и со значително пониски TCO, додека продолживме да го доставуваме каменот до нашите клиенти. 13-литарските CNG мотори на Iveco имаат моќ да ги исполнат сите барања на нашето секојдневно работење”, вели Станко Милинковиќ, сопственикот на каменоломот Раковац.

Во изминатите осум години Iveco достави повеќе од 200 возила за природен гас во Србија, со цел исполнување на различни задачи, обезбедувајќи решенија за најефикасен, одржлив и безбеден транспорт. Мрежата на CNG пумпите која ја покрива територијата на Србија, ги поддржува сите транспортни потреби.

“Постојат многу придобивки од користењето на Iveco CNG комерцијалните возила. Покрај најниската TCO и до 45% пониски трошоци за гориво, овие камиони создаваат значително помали емисии во однос на дизел горивото. Уште подобро, со моторот Cursor 13, најмоќниот мотор во класата со 460КС, нема компромис во изведбата”, вели Марко Ходалиќ.