ZF го презема WABCO за 7 милијарди долари

ZF Friedrichshafen, големиот германски производител на компоненти за комерцијални и патнички возила, ќе преземе голем американски производител на компоненти, првенствено за комерцијални возила.

Со спојување на овие две компании, ќе се создаде водечка светска компанија за производство на возила, чија годишна продажба ќе изнесува околу 40 милијарди евра. Оваа операција ќе биде завршена следната година, а компанијата ќе биде глобален лидер во автоматизирани системи, пренос и широк опсег на софтверски решенија и компоненти за индустријата на возила.