Првиот електричен автобус во Ирска ќе биде Volvo

Volvo ќе испорача целосно електричен автобус 7900E за хотелот Crowne Plaza во Даблин, а првиот полн електричен автобус во Ирска ќе почне да вози до крајот на годината.

Партнери во овој проект се Volvo Buses, хотелот Crowne Plaza и енергетската компанија ESB. Автобусот ќе ги поврзе хотелите Crown Plaza и Holiday In Express со аеродромот во Даблин.

Се однесува на 7900 Electric моделот со батерии од 200 kWh кои ќе се напојуваат на станицата кај хотелот Crowne Plaza. Автобусот е опремен со CCS комбо 2 моќен полнач од 150 kW. Volvo веќе има осум целосно електрични автобуси во Велика Британија и повеќе од 4.000 ширум светот.