Изменет сообраќаен режим на автопатот Демир Капија-Смоквица

На автопатот Демир Капија – Смоквица, кај клучката Демир Капија, денеска ќе се изведуваат градежни активности за поставување индуктивни јамки, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, информира Автомотосојузот на Македонија.