Кинеската компанија BYD, најголемиот светски произведител на електрични автобуси, на аеродромот во Брисел ќе достави 30 електрични автобуси кои ќе служат за превоз на патници од терминалот до авионот и обратно.
Од компанијата Brussels Airport Company (BAC), операторот кој управува со аеродромот, истакнуваат дека оваа нарачка е дел од нивните напори за намалување на емисиите на СО2 за 40 проценти до 2030 година, а еден автобус е веќе тестиран на почетокот од оваа година. Како дел од договорот, BYD е обврзан за одржување на автобусите и нивните батерии за период од 10 години.
За BYD ова е втора поголема нарачка од европските аеродроми, бидејќи 35 нивни електрични автобуси од 2010 година се наоѓаат во аеродромот Шипхол во Амстердам. Исто така, BYD автобусите превезуваат на аеродромите во Сиднеј, Канзас, Лос Анџелес и Шангај.