Германската логистичка компанија KP Logistik нарача 100 Scania влекачи напојувани со течен природен гас (LNG) и тоа ќе биде најголемата флота со возила на LNG во Германија.
За да обезбеди непречено снабдување со гориво, KP Logistik на своите две локации, Вустерман (Брандербуг, во близина на Берлин) и Ставенхаген (околу 200км северно од Берлин) ќе гради LNG пумпи, кои ќе бидат во функција од летото оваа година.
Со оглед на тоа што првите влекачи ќе пристигнат кон крајот на овој месец, во присториите на компанијата во Ставенхаген ќе се постави мобилна бензиска пумпа и ќе се користи откако ќе пристигнат првите возила. Пумпата ја гради фирмата Liquind од Берлин, која е исто така снабдувач со LNG. Кога ќе се завршат, двата стационирани полначи ќе бидат достапни за вчитување на сите камиони.
KP Logistik новата флота рамномерно ќе ја распореди на овие две локации, а во моментов има околу 150 влекачи, 400 полуприколки и повеќе од 400 вработени.