Претставено новото Iveco Daily во Торино

Екипата на Kamioni.mk присуствуваше на светската премиера на новото Iveco Daily.

Новиот Daily се базира на силното наследство на неговите претходници, а нејзината цел е да постигне уште поголема ефикасност и одржливост. Економичен и со ниска вкупна цена на сопственост, новата генерација на Daily е тука за да ја зголеми профитабилноста на бизнисот.

Daily нуди целосен опсег на напредни системи за помош на возачот и со подобрени безбедносни карактеристики, поголема удобност на возачот и совршено чувство на возење.

Новиот Iveco Daily ќе биде опремен со мотор со капацитет 2,3 или 3 литри, од 116 до 210 КС. 3-литарскиот мотор, исто така, ќе биде достапен во верзија Natural Power, со компресиран природен гас (CNG). Двата мотори се произведуваат во Италија од страна на FPT, кој како и Iveco, е дел од CNH Industrial. Daily е меѓу првите модели во категоријата на големи комерцијални возила кои ги исполнуваат стандардите за емисии на Еуро 6Д. Во патничка верзија (способна да носи до 22 патници), новиот Daily ќе биде достапен и со електричен погон.

За развојот на новата генерација на Iveco Daily, во инжинерството се потрошени повеќе од 900.000 човечки часа, спроведени 800 виртуелни и реални тестови. Пред премиерата биле изградени 200 прототипи, со над 3,5 милиони километри тестови за издржливост и сигурност. Вкупната инвестиција на CNH Industrial за новиот Daily изнесува околу 200 милиони евра.