Минатиот месец, Volvo ги испорача првите два електрични камиони, модели на FL Electric, од кои едниот е наменет за дистрибуција, а другиот за подигање и транспорт на смет.
По развојот на производството и тестирањето, Volvo ги започна своите први испораки на купувачите на FL Electric, додека првите испораки на моделот FE Electric ќе започнат во втората половина на годината.
Испорачани се два камиони FL Trucks, од кои еден беше испорачан во DB Schenker, односно кај нивниот превознички партнер, компанијата TGM и ќе се користи за урбана (градска) дистрибуција, додека другиот го превзеде компанија Renova која се занимава со собирањето и рециклирањето на отпадот.
FL Electric има максимална дозволена маса од 16 тони, а уредот користи електричен мотор со моќност од 130 kW (177 hp) или 185 kW (252 hp), кој се напојува со двостепен пренос и кардан тркало. Максималниот вртежен момент на моторот е 425 Nm, кој со сите пренос (мотор и диференцијал), дава вртежен момент од 16.000 Nm. Енергијата се складира со литиум-јонски батерии, коиможе да бидат од 2-6, од што зависи и вкупниот капацитет од 100 до 300 kWh, или максималниот опсег што е 300 км при инсталирање на максимална големина на батеријата. Батериите може да се полнат на наизменичен полнач со моќност од 22 kW или моментален полнач со моќност од 150 kW. Со максимален капацитет на батеријата, полнењето на брз полнач трае до два часа, а со наизменичен, до 10 часа.