Хибриден погон за ноќна испорака (видео)

Неодамна воведениот Scania plug-in на хибриден погон се користи за ноќна испорака  во McDonalds, Стокхолм, што не би било возможно со класичен погон.

Испорака на товарот до Стокхолм ноќе не е дозволено поради ограничување на бучавата. Scania, во соработка со градските власти во Стокхолм, McDonalds, логистичката компанија HAVI и Кралскиот институт за технологија, ја тестира можноста за ноќна (и друга) дистрибуција со хибридниот камион Scania.

Покрај тоа што има софистициран погонски систем кој може да напојува до 10 километри со електричен погон, Scania исто така користи географски систем Scania Zone, кој препознава кога возилото влегува во пдрачје кое бара ниско ниво на бучава, автоматски го активира електричниот погон што се користи додека возилото не ја напушти таа област.

На хибридниот приклучок на Scania, со моќност од 130 kW и 1050 Nm вртежен момент, како главен погон  користи 5-цилиндричен 9,3-литарски мотор со моќност од 320 КС, кој во овој случај користи HVO (Hydrotreated Vegetable Oil) односно биодизел  со чија употреба, емисии на CO2 може да се се намалат и за 90 проценти.

Батериите, освен од мрежата, може да се полнат и со регенеративно сопирање, а возачот може, ако е потребно, да активира полнење на батеријата со моторот, така што батериите би биле подготвени за употреба во зоната со намалени емисиите на бучава.