D15 наместо D20

MAN ќе изложува 11 возила во BAUMA, фокусирајќи се на новото семејство мотори, зголемувајќи ја ефикасноста и носечкиот капацитет.

Најголемата новина е новиот шестцилиндричен 9-литарски D15 мотор кој ја заменува постојната D20 во моделите MAN TGS и TGX за 2019 година. Иако е помала од моторот за замена, D15 има поголема моќност, поефикасен е и полесен. Помалата моторна маса е особено важна кај некои видови на транспорт, а со новиот мотор, носачот е зголемен за 230 кг.

Новиот мотор е “SCR only”, а ќе се нуди во изведба од 330,350 и 400 КС и ќе се позиционира помеѓу најслабиот D08 мотор кој има 320 КС и најсилниот D26 мотор со 430 КС. Вртежниот момент во најслабата верзија од 330 КС е 1600 Nm и се зголемува за 100 Nm во секоја посилна верзија. Во текот на годината ќе се претстават и новите верзии на D08, D26 и D38. Новиот D26 ќе има 10 КС и 100Nm повеќе и со тоа новите изведби ќе имаат 430, 470 и 510 КС.