1.100 нови паркинг места во Австрија

Веќе подолго време европските земји се борат со недостаток за паркинзи за камиони, а добрата вест доаѓа од Австрија – следната година ќе бидат изградени 1.100 нови паркинг места.

Оваа година ќе се изградат околу 400, а останатите паркинг места во 2020 година. Нешто помалку од половината ќе бидат во пошироката област околу Виена, додека повеќето паркинзи по автопатиштата.

Вкупната вредност на овој проект е околу 100 милиони евра, паркинзите ќе бидат под видео надзор, а исто така ќе се изгради и придружна инфраструктура како тоалети, тушеви…