Автотранспортер на Mercedes-Benz во размер 1:18

Mercedes-Benz го направи првиот автотранспортер во размер 1:18, што е намален модел на Actros Gigaspace и соодветните полуприколки кои се произведени неверојатно верно и до најситните детали.

Стандардниот размер на моделите за комерцијални возила е 1:50, а Mercedes, заедно со познатата компанија за моделирање на NZG, за првпат направи модел на влекач и полуприколка на размер 1:18. Целиот модел е долг 113 см и тежи 10 кг, а развојот и производството траеа скоро 10 месеци. Полуприколката е долга 96,5 см, широка 22,5 см и висока 13,7 см и се состои од повеќе од 500 компоненти меѓусебно поврзани со 225 завртки или пинови. Платформата за возилото и товарените рампи се изработени од висококвалитетен челик, а тука се преместуваат и сите делови што се движат на правата полуприколка.

Моделот на влекачот е намалено издание на Edition1, односно специјалната изведба за минатогодишниот салон за саеми во Хановер. Станува збор за нов модел со камера наместо ретровизор, а кабината може да се подига. Особено интересен е деталот на ѕвездата на Mercedes кој има осветлување, а и кабината е осветлена. Одлично се прикажани и деталите во ентериерот, како што се екраните  Mirror Cam.

Со цел да се обезбеди соодветниот товар, Mercedes исто така направи повеќе модели во 1:18. Тоа е GLE, класа, Mercedes-AMG GT 63 4MATIC, класа X, класа V, Mercedes-AMG E 63 S 4MATIC, G класа, SEL 6.9 (W 116), SL-класа (Pagoda W 113), 300 SL и Mercedes-Benz 300 (W 186)